–
Насилникот од Битола, кој ја претепа девојката, па се обидел и да ја дави, и избга преку прозорец во полициската станица, енес сам се пријавил.
-Денеска (16.11.2026) полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола. Денеска во 12:00 часот, К.У. доброволно се предал и е лишен од слобода. Со него се врши службен разговор од страна на инспектори од криминалистичката полиција при СВР Битола. Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство” по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство” по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола,информират од МВР.
Случајот во Битола кој ја бранува јавноста е семејно насилство врз 21-годишна битолчанка, а 24-годишниот осомничен нсилник (К.У.) избега низ прозорец од полициската станица во Битола.
– На 10 ноември 2026 година, 21-годишна девојка пријавила дека нејзиниот 24-годишен партнер (со иницијали К.У.) подолг период физички и психички ја малтретирал, ја тепал и ја давел со голи раце. Откако бил повикан во СВР Битола, осомничениот на 11 ноември избегал низ прозорец од станицата, а по пет дена бегство доброволно се предал и бил лишен од слобода, информираа тогаш од МВР.
Девојката е сместена во шелтер-центара а за случајот во јавноста преку Фејсбук исто така алармираше нејзината мајка, Бети Ангеловска.







