Додека јавноста е згрозена од крвнички претепаното девојче во Охрид, МВР информира за уште една истепана жена во Скопје.
-На 15.11.2026 во 17:10 часот во Скопје на подрачјето на Бутел, полициски службеници го приведоа Д.М.(42) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради недоразбирање во автобус физички ја нападнал В.К.(59) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат одд МВР.






