Зошто на насилникот од Охрид прво му е изречена претпазливост, па дури потоа притвор?

Фото: МИА

Полицијата не застанала на првичните докази што ги имала за случајот во кој момче ја претепа својата девојка во Охрид

Вчера бевме сведоци дека судот имаше изречено мерки на препазливост, односно мерки за непреближување, меѓутоа ние не застанавме овде како полиција

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев вели дека полицијата првично поднела кривична пријава за сторителот за нанесување тешка телесна повреда при семејно насилство врз основа на докаизте со кои во моментот располагала. Потоа, како што рече, кога биле обезбедени нови докази тие заедно со нови две кривични пријави биле поднесени до обвинителството, по што судот донел одлука за изрекување мерка притвор за сторителот, кому претходно му беа изречени само мерки за претпазливост.

-МВР поднесе соодветна кривична пријава врз основа на доказите коишто ги имале колегите во тој момент, а тоа е нанесување тешка телесна повреда при семејно насилство. Во првиот момент кога ќе ја добиеме пријавата за настанот, ние тогаш не располагаме со сите релевантни материјални докази. Во тој момент имаме само исказ на лицето што пријавува. Ние како орган сме должни да ги обезбедиме сите факти и околности коишто докажуваат или одат во прилог на самата пријава или кои ќе ја демантираат пријава. Ние поднесовме пријава согласно околностите коишто сме ги располагале тогаш, пријавата е доставена до надлежното јавно обвинителство навремено, лицето е обезбедено и беше задржано во полициска станица. Понатаму обвинителството ги доставило до судот, а за тоа какви мерки изрекол самиот суд, тука не можам да навлегувам. По добивање и обезбедување на останати докази, ние повторно го известивме надлежното обвинителство по што судот донел соодветна одлука врз  на која што сме денес сведоци, појасни Јанев на денешната прес-конференција во МВР во одговор на новинарско прашање.

Прочитајте исто така: Притвор и три кривични за насилникот од Охрид

Рече дека полицијата не застанала на првичните докази што ги имала за случајот во кој момче ја претепа својата девојка во Охрид. 

-Вчера бевме сведоци дека судот имаше изречено мерки на препазливост, односно мерки за непреближување, меѓутоа ние не застанавме овде како полиција. Ние работевме на документирање на целокупниот случај, бевме во потрага по нови околности, елементи и материјални докази, каде што по дополнително обезбедени докази и доставено известување до надлежниот јавен обвинител, одлуката се промени и на лицето по барање на обвинителството, му се изрече од страна на судот мерка активен притвор – истакна Јавнев.ж

Како што рече, лично како родител и како сопруг, но и како граѓанин во оваа држава, апсолутно го осудува целокупното физичко насилство, особено, насилство коешто постои во рамки на едно семејство. 

– Органите, сите ние имаме одговорност да реагираме согласно нашите надлежности. Но, кога ќе дојде ред полицијата да дејствува, тогаш можеби веќе е доцна. Тоа е последниот моментум и тоага се знае дека во општеството нешто затаило. Затоа мора да расте свесноста, мора да расте одговорноста кај сите нас, кај сите институциите. Полицијата е само една алка во целиот ланец. Сите ние мораме активно да работиме, сите ние мораме активно да придонесуваме во целата оваа битка, и да се најдат сите слаби алки – истакна Јанев на прес-конференцијата.

Рече дека треба да се вадат сите случаи на површина, да се охрабруваат граѓаните да го пријавуваат насилството и да имаат доверба во полицијата.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

-Дали има аномалии од страна на полициски службеници, бидејќи тие се човечки суштества, некој постапувал согласно процедурите, некој постапувал надвор можеби од процедурите, не би сакал да прејудицирам, меѓутоа секој еден што ќе постапува така  ќе биде изведен пред лицето на правдата и ќе бидат преземени соодветни мерки за санкција за непрофесионално полициско постапување надвор од законот и самите процедури – потенцира директорот на БЈБ. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ