Осум месеци затвор и парична казна за потпалувачот на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Осум месеци затвор и парична казна од 3.300 евра за 44-годишниот Игор Дашковски, кој запали две дипломатски автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопјe.
Осум месеци затвор и парична казна за потпалувачот на возилата на бугарската амбасада во Скопје
Осум месеци затвор и парична казна за потпалувачот на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Дашковски беше прогласен за виновен за загрозување на лица и предмети под меѓународна правна заштита.

Во текот на рочиштето, се изјасни за виновен и пред судот рече дека сам донел одлука да ги полее автомобилите со бензин и да ги запали.

Слушајте радио во живо

Игор Дашковски на денот на инцидентот на 15 јуни 2026 година, на бензинска пумпа во близина на амбасадата наполнил бензин во пластично шише, по што паркираните две дипломатски ги полеал со бензин, ги запалил со запалка и веднаш го напуштил местото на настанот.

Уште на темата:

Поднесено обвинение и продолжен притворот на осомничениот за опожарувањето возила пред Амбасадата на Бугарија

Пресудата не е правосилна.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ