СВР Тетово уапси маж од Голема Речица, кој шмркал кокаин во тоалет во казино.
-СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(42) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На 11.08.2025 во казино во Тетово, полициски службеници извршиле претрес, при што во машкиот тоалет бил пронајден и одземен кокаин, додека по извршените анализи било констатирано дека пријавениот користел кокаин, информираат од МВР.






