По зачестените случаи на семејно насилство, особено по неколкуте убиства на жени од своите партнери, на првата работилница од регионалниот форум на Источниот плански регион, што вчера се одржа во Штип, еден од предлог-проектите бил основање на сигурна куќа за жртвите на семејно насилство.
Слушајте радио во живо
Директорот на Источно планскиот регион, Трајче Здравков вели дека ова е даден предлог, што во наредните денови и недели треба да се разговара со сите градоначалници на 11-те општини од регионот.
-Претходно сакаме да направиме консултации со луѓе, организации и институции кои работат со оваа област. Потоа, на 1 декември треба да одржиме седница на Источно – планскиот регион и заедно со градоначалниците да го разгледаме начинот, местото и финансирањето на сигурната куќа, изјави Здравков.

Пред се’, да се разгледа местото каде би бил отворен овој центар за жртвите, но и начинот на финансирање – дали би бил од општините, државните институции или би било вклучено и финансирање од донатори.
Прочитајте и за ова:
Во Штип функционира Советувалиште за психо-социјална поддршка, додека во Кочани работеше сигурна куќа. Но, токму во Кочани се случи едно од убиствата на жени, кога на 23 септември 2023 година пред својот дом, беше убиена Танкица Младеновска, самохрана мајка на три деца.




