Две малолетнички нападнале девојче на улица во Кавадарци – едната ја држела, додека другата ја горела со цигара, пријавила Е.К. (35), мајка на нападнатото девојче во полиција, информираат од СВР Велес.
-На 18.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Кавадарци, Е.К.(35) од Кавадарци пријавила дека на 16.11.2026 на улица Сремски Фронт во Кавадарци, нејзината малолетна ќерка била нападната од други две малолетнички, од кои едната ја држела, а другата ја горела со цигара. Известен бил јавен обвинител, Центар за социјални работи Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на настанот, се вели во информацијата од СВР Велес.






