Европската Комисија потврди дека била хакирана – што однеле хакерите со себе?

Преку алатка базирана на вештачка интелигенција хакирана е Европската Комисија. Преку овој напад, како што пишува „Политико“ можеби се компромитирани големи количини лични податоци.
Европската Комисија потврди дека била хакирана
Европската Комисија потврди дека била хакирана
  • Хакирањето е откриено на 22 октомври, а потврден по првичната истрага на 26 октомври
  • При хакирањето е употребена алатка базирана на вештачка интелигенција
  • Исклучени се две апликации, а за тоа кој стои зад инцидентот, од ЕК велат дека истрагата треба да покаже

„Политико“ соопшти дека во сајбер нападот биле погодени големи количини лични податоци на ЕК. Неколку системи, вклучувајќи ги системите за човечки ресурси за плати и управување со времето и систем за надоместоци на медицински трошоци на Европската Комисија, биле исклучени од употреба за време на прекинот поради упад во системот. Прекинот траел околу 10 дена.

Слушајте радио во живо

Портаролот Томас Рењие потврди дека во системот на ЕК се случил неовластен упад и во тек е истрга. Настанот бил откриен на 22 октомври, а првичната истрага е почната на 26 октомври, портври портпаролот.

Уште на темата:

Кражба на векот: Хакери украле над 6,3 милијарди долари криптовалути од „Бајнанс“

-Што се однесува до тоа кој стои зад нападот – нема да навлегувам во тоа. Истрагата е во тек. Што се однесува до потенцијалното истекување на податоци кај нашиот персонал во оваа фаза од истрагата, не најдовме никакви докази за повреда на податоци што би го засегнала персоналот на Комисијата во целост, рече портпаролот Рењие, во одговор на новинарско прашање.

Засега не може да се процени колкав е степенот на зафатеност на системите на Комисијата.

Прочитајте на темата:

ВИ му бега од контрола на човекот, си измислува, ги заобиколува правилата

-Станува збор за кампања, па навистина имаше низа инциденти, и тоа е сè што можам да споделам со вас во оваа фаза, рече портпаролот.

Од досегашната истрага, се знае дека употребена е алатка базирана на вештачка интелигенција (ВИ), која е јавно достапна.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ