Министерството за внатрешни работи постапува во насока на целосно разоткривање на случајот со заканувачкото писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска Давкова – информира денеска Тошковски.
Министерот рече дека МВР и Јавното обвинителство набргу ќе излезат со информација за случајот.
– Имам информација за лицето што е приведено. МВР ги презеде сите потребни чекори во врска со осмниченото лице, постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација – изјави министерот.
Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по што е приведен 46-годишен маж лоциран преку видеонадзор. Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато кон кого биле упатени заканите.








