Доктор и медицинска сестра биле физички нападнати во здравствена установа во Скопје.
-На 21.11.2026 во 19:15 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.К.(41) од Скопје. Според пријавеното, околу 17:30 часот пред здравствена установа на подрачјето на општина Аеродром, заедно со неговиот татко С.К.(62), по претходно недоразбирање, физички нападнале лекар и медицинска сестра. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.







