Струмичанец силувал дете, полицијата го уапсила.
-На 23.11.2026 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ф.С.(21) од Струмица. Според пријавеното, тој истиот ден во Струмица извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка. За настанот се известени јавен обвинител и Центар за социјални работи Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.







