Кривична за газда , го оштетил буџетот со над 100 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување од член 279 и „Фалсификување или уништување деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

-Во текот на 2024 година, првопријавениот В.Т., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист, ја присвоил набавената трговска стока, евидентирана како залиха на правното лице, која при извршениот физички попис од страна на пописна комисија формирана од стечајниот управник не била затекната на лице место. Утврдениот кусок на стока, во вкупен износ од 344.122.292 денари, не бил евидентиран во сметководствената евиденција на правното лице, а стоката била неосновано присвоена од страна на првопријавениот, без притоа да бидат пресметани, пријавени и платени даночните обврски по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од 61.942.013 денари и данокот на личен доход во износ од 38.231.987 денари, информираат од Финансиска полиција и додаваат:

-Со ваквите дејствија, првопријавениот, преку пријавеното правно лице, избегнал пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски по наведените основи, во вкупен износ од 100.173.999 денари, со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, се вели во информацијата од Финансиска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ