Поплавен е делот од Клиничката болница – Штип што остана без покрив во јули

По дводневните врнежи од дожд, штипска Ортопедија повторно е поплавена, откако силниот ветер во јули го однесе покривот
Под вода дел од Клиничката болница во Штип
Под вода дел од Клиничката болница во Штип

Дождот што врне од петокот попладне, предизвика нова поплава во просторот на одделот за Ортопедија и интензивна нега во Клиничката болница во Штип. Овој дел од болницата во силното невреме на 22 јули годинава, остана без покрив.

Колкава е најновата штета, не успеавме да добиеме информации. Директорот Владко Захариев не одговори на повикот. Успеавме да ја добиеме заменичката, д-р Билјана Ефтимова, која се подготвуваше да влезе на операција и поради обврските, не успеала да го види поплавениот дел.

-Во тек се работи на реконструкција. Избраниот оператор работи на тој дел од зградата, но се’ уште не стигна до покривот, ни ијзави д-р Ефтимова, која за утре најави повеќе информации.

Слушајте радио во живо

Болницата распиша тендер за реконструкцијата и од податоците на системот за јавни набавки може да се најде договорот, кој болницата го случила на 14 септември со скопската фирма „Свеан инвест“. Од пред две недели започна реконструкцијата на оштетеното крило на Клиничката болница.

Договорот изнесува 14,3 милиони денари и според финансиската понуда работите опфаќаат поправка на покривот, кукичката за лифт, излезот на покрив и како што стои, Психијатрија без спецификација на овој дел од работите.

Уште на темата

Летна покривот од штипската болница – Ортопедија и Интензивна нега се делумно поплавени

Средства за работите, според д-р Ефтимова се обезбедени од осигурувањето, средства од болницата и Министерството за здравство.

Неколку дена по невремето во јули, кога болницата остана без дел од покривот, на увид дојде и новиот министер за здравство, Сашо Клековски, кој најави дека ќе се обезбедат средства за санација откако ќе се направи проценка. Тендерот беше завршен речиси три месеци по направената штета.

Фото: ФБ

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА