Александар Чупиќ претседател на Собранието на Србија на предлог на Студентската листа

Фото: Собрание

 Александар Чупиќ денеска е избран за претседател на Собранието на Србија на предлог на Студентската листа.

За него јавно гласаа 140 пратеници, а за кандидатот на пратеничката група „Србија победува“, Стојан Раденовиќ, гласаа 97 пратеници.

Собранието на Србија брои 250 пратеници, а при гласањето во собраниската сала беа присутни 239.

Новоизбраниот претседател на Собранието на Србија, по изборот, изјави дека граѓаните очекуваат дијалогот и толеранцијата да бидат образец на политичката култура на секој од пратениците.

Чупиќ нагласи дека граѓаните очекуваат од пратениците да водат сметка за секој изговорен збор и најави дека парламентот ќе негува и критика и контрола.

Тој рече дека во дијалогот мора да се води сметка за пет работи, во кои ги вброи рамноправноста, внимателноста, учтивоста, враќањето на чувството на срам и врвниот идеал – силата на аргументот.

Чупиќ изјави и дека изборот за претседател на парламентот за него претставува огромна чест, одговорност и обврска.

По изборот и обраќањето на претседателот на парламентот, беше одредена пауза до 15.40 часот.

На дневниот ред на седницата е и изборот на потпретседатели на Собранието на Србија и други парламентарни работни тела. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ