Али Ахмети за првпат го стави македонското знаме во својот кабинет – Објаснува зошто направи преседан по 24 години

Невообичаени фотографии со македонското знаме во кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети во Мала Речица. За првпат во 24 години од основањето на Демократската унија за интеграција, државното знаме на Македонија е поставено покрај албанското знаме, партиското и тоа на ЕУ. Фотографиите се од средбата на Ахмети со австрискиот амбасадор, Мартин Памер.

Ахмети ги објасни причините за поставувањето на македонското знаме.

Вели дека дека поставувањето на државното знаме никогаш не му претставувало проблем, но додава дека и странските амбасадори инсистирале на тоа.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјата, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено знамето на државата Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, изјави Ахмети.

Ахмети додава дека потегот е во согласност со неговото верување дека државата им припаѓа на сите граѓани и дека државните симболи мора да се почитуваат.

За потсетување, во овие 24 години политички живот, Ахмети, покрај тоа што не го истакнуваше македонското знаме, еднаш или двапати прозборе на македонски јазик. Изјавите ги дава на мајчиниот албански јазик, додека некој од сопартијците преведува на македонските новинари.

Фото: ФБ Али Ахмети

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ