Бејби бум во Кочани

Фото: Фрипик

За два дена родени седум бебиња на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница – Кочани. Кочани добива убава и позитивна вест – вистински „бејби бум“ на Гинеколошко-акушерското одделение во Општата болница во Кочани.

Во изминатите два дена, на одделението по природен пат се породиле седум мајки, при што на свет дошле четири машки и три женски бебиња. Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што  следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани.

„Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат – четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и ќе има што повеќе породувања“, вели за Радио Кочани директорката на Општата болница, Катерина Паниќ Мирчовска.

Дополнително, значаен чекор за унапредување на здравствените услуги е и фактот што од оваа година во болницата работат тројца специјалисти по гинекологија и акушерство, што претставува важна поддршка за идните мајки и за развојот на гинеколошко-акушерското одделение.

Седумте новороденчиња за само два дена се убав повод за радост и надеж дека Кочани ќе продолжи да бележи повеќе нови раѓања.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ