- Започна Програмата за микро-квалификација на DCAF во рамки на Правниот факултет и Центарот за доживотно учење при УГД – Штип
- Вклучени се универзитетски професори, граѓански организации и медиумски професионалци со претходно искуство во реформата на безбедносниот сектор
- По успешно завршување, учесниците добиваат сертификат од УГД, усогласен со европските стандарди за микро-акредитиви
Се работи за Програмата за микро-квалификација за управување и надзор над безбедносниот сектор, во рамките на Правниот факултет при УГД и Центарот за доживотно учење во која се вклучени професори на Универзитетот, организации на граѓанското општество и медиумски професионалци кои претходно учествувале во обуките на DCAF за реформа на безбедносниот сектор и во програмата за обука на обучувачи.
Слушајте радио во живо
Програмата, која денеска почнува со предавањето на универзитетскиот професорот Методи Хаџи Јанев во соработка со Весна Доревска, експерт од пракса, е наменета за новинари, медиумски професионалци, истражувачи и претставници на граѓанското општество и е усогласена со Препораката на Советот на Европа за микро-акредитиви за доживотно учење. До ноември, секоја недела ќе се одржува по едно предавање. Програмата е отворена за сите заинтересирани.
Се работи за интерактивни предавања, учење и размислување преку студии на случај, практични вежби и симулации, како и работа во групи и дискусии.
Прочитајте и за ова:
Унгарскиот министер Сијарто споделувал доверливи информации со Москва
Програмата ќе се реализира од страна на професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, како и експерти од практиката, вклучително и етаблирани новинари и претставници на граѓански организации. Програмата комбинира теоретско знаење со практична примена, со фокус на развој на аналитички, истражувачки и комуникациски вештини.
По успешно завршување, учесниците ќе добијат сертификат од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.





