Бранителот и неговото семејство се разочарани од институциите и државата
Кај не сме се обратиле, од премиер па надалу до сите институции
Цело време имаат станови што циркулираат, што се слободни, што се доделуваат, па исчезнуваат
„Нивните рани не се украс туку завет: Македонија да биде дом што не ги остава своите. Кога државата беше во опасност тие не прашаа колку ќе чини-дадоа се. Денес не бараат ништо повеќе од тоа што им следува:правда, одлука и држава што стои зад своите бранители..“
Вака ни се обрти Ивана Митревска од Скопје, сопруга на банител од 2001 година, кој е стопроцентен инвлид, а со кого државните институции си подигугруваат цели 26 години
Бранител да живее во змијарник, а тие си купуваат станови, вели Ивана Митревска од Скопје.

Тој, како полициски резервист, бил погоден од гранати и мини во Арачиново, има потврда од СВР Скопје дека е повреден на боиште при превземање на оперативно-тактички мерки, и наместо да добие дом каков што заслужува државата во 2001 година привремено му доделува една „крш“ барака. Тоа „привремено“ трае веќе 25 години иако бараката 2008 година, по поплавата, не е веќе за живеење,а денес личи како „куќа на духови“. Страв е да се помине покрај неа, а не тука да се растат деца.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Последната информација, вели Ивана, е што Комисијата за станбени прашања во Влада на 13 мај имала состанок за доделување станови, но тие повторно се „извисени“ иако им било ветено дека на првиот состанок ќе им се реши прашањето. Состанокот дојде и пројде, но како многу пати до сега и овој пат и покрај ветувањето се одминти.

Кога екипата на Канал77 беше на местото да ја снима „бараката“ беше вербално нападната од агресивни соседи, кои ја попречуваа новинарската работа. За нив снимањето на улица и крш барака е „нивната куќа“, бидејќи постојано повторнуваа не смеете да ни ги сликате куќите, а бараа и увид во тоа што е сликано, и покрај убедувањето дека сме на улица и дека е снимена бараката однадвор, бидејќи до внтрешниот дел е невозможно да се стаса од трње и трева. Ико тажно беше воопшто ова да е дом на бранител во кој нема прозорци, струја и се распаѓа.

Бранителот и неговото семејство се разочарани од институциите и државата. Сите овие години на која врата да чукнеле одговорот бил „се работи на случајот“ или „следната недела ќе се знае“. Но, поминале многу недели, месеци и години, а тие се зборавени.
-Во 2001 ни рекоа дека е привремено, додека да најдат стан. Бараката е 36 квадрати, воопшто несоодветна за семејство со три деца, со гипс картон и дрво. И да не беше поплавата бараката се поплавуваше од канализацијата. Поднесовме барања до сите надлжени институции. Уште во 2010 година на сопругот му рекле дека на наредната седница ќе се реши неговото барање, бидејќи како воен инвалид според Закон треба да има приоритет. Но, наместо за 30 дена да се реши се направија децении…

Има извештаи каде на функционери по поплавата во Стајковци се доделуваат станови, а мојот сопруг е оставен на цедило. А бил во први борбени редови. На 21 година, со 20 гранати… Со тешки повреди во главата и грбот, беше и во кома. Скоро најдов во 2002, 2005, 2007 МВР доделувало станови на вработени, а мојот сопруг, воен инвалид, да го остави во ова. Цели 25 години се бориме, рече таа покажувајќи накај руината од барака.
Таа раскажа уште една небулоза. Вели дека од 2010 година дошле ја заклучиле бараката, одземено е владението, а кирија на име на бранителот фактурирале до 2024 година.

-Имаат фактурирано кирија од 140.000 денари на име на мојот сопруг. Ми велат од СИЗ како така на крајот ќе се наплати киријата. Како? Од неговите деца ли ќе ја наплаќаат киријата од барака во која не живееме? А во 2010 година дојдоа и го заклучија објектот, бидејќи тука беше невозможно да се живее. Бев во министерство да прашам и ми велат: „ви го одземале владението“. Па, како тогаш фактурираат кирии?! Се стуткавме уште тогаш кај неговиоте родители, баба му, дедо, родителите, ние двајца и три деца. Дедо му исто така беше воен инвалид од НОБ. Двајца воени инвалиди живееја во една куќа, вели таа.
Според сопругата секаде каде се обратиле, во сите надлежни институции за да им се реши проблемот одговорот бил-„следната недела“.

-Од празни зборови не се живее. Кај не сме се обратиле, од премиер па надалу до сите институции. На интернет е достапен и годишниот извештај на Народниот правобранител, образложено е дека вака не треба да се постапува, се обратив и до претседателката, од таму го препратиле моето писмо до генералниот секретаријат, од каде ми рекоа дека очекуваат што е можно побрзо да се реши. Во 2019 година дојдоа од СИЗ со изговор дека го заборавиле клучот и ја обиваат вратата и менуваат брава. Па ако е наше и ни течат кирии што бараат да обиваат врата. Многу чудни и неразбирливи работи имаме и со Комисијата и со Акционерското друштво.

А оваа држава има донесено закони. Во член 36 од Уставот им гарантира посебни права на борци и воени инвалии, Закон за безбедносни сили, Закон за воени инвалиди… Се има на хартија како треба да се оснесува со овие луѓе. И ништо… А на другата страна од војната се решија. Дури и премиер ставија. А овие луѓе ги остави на маргините. На секое мое прашање одговорот е- на наредната седница ќе се реши. Побараа окол20 документи заверени на нотар, ги предадовме и толку… Мојот сопруг е крајно огорчен од ова што ни се случува, вели таа и додава:

-Јас имам еден куп службени весници, таму има државни станови, има годишни извештаи на Акционерското друштво . Цело време имаат станови што циркулираат, што се слободни, што се доделуваат, исчезнуваат. Им дават прво на диво вселени луѓе да ги откупат а мојот сопруг на цедило го оставаат. Па уште и пари за кирија побаруваат во руина во која е невозможно да се живее. Претставка пуштивме и до Министерство за транспорт и се прогласиле за ненадлежни. Бараме да ни се реши проблемот и да ни се тргне киријата, да не им ја припишуваат после на децата за објект во кој не живееле. За змијарник.

А доаѓаат луѓе кај нас да им ја продадеме. Како да продадеме нешто што не е наше. Па не се бореле за тоа, за да се малтретираат вака. Кога ќе решат? Веројатно кога нема веќе да бидеме живи. А поврзани се едни со други. Се обративме до Комисија за дискриминација, донесено е решение на 27 мај во кое е утврдена продолжена интерсекциска дискриминација од потежок облик, а на комисијата за станбени прашања и е даден рок од 30 дена за да ја отстрани и да додели стан. Рокот е поминат а до ден денес решение нема. И не сакаат да ми го дадат решението што го донеле. Во меѓувреме јас најдов листа кој се има државен стан. Минатата година се обратив за информации од јавен карактер. Прашав-на кого имаат деделено станови дури ние сме тука и чекаме. Такво прашање поставив до Комисија за станбени прашања. Од таму ми рекоа дека тоа не било јавен карактер, туку мој. Па зарем луѓево не ги интересира кој купува станови за 15 илјади евра а ги продава за 250 илјади?! Ова постапка веќе е на Управен суд и се чека да се реши. Па пред извезно време имаше на телевизија како на денот кога мојот сопруг е буквално утепан во Арачиново, мајка му на Груевски купила стан, а претходните месеци уште еден и 2006 година уште еден од истото АД од каде што чекам јас. Но, не се откажуваме, ќе бараме додека сме живи, револтирана е таа.
В.М.
Фото: Внгел Тануровски





