Бугарија да се извини по објавувањето на документот за приватната посета на сопругата и синот на премиерот Мицкоски – побара Муцунски

Објавувањето на документ во јавноста, со податоци за приватната посета во Помпорово, Бугарија што во јануари ја имале сопругата и малолетниот син на премиерот Христијан Мицкоски, е поводот поради кој   вчера министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков. На средбата, Муцунски, изразил ,како што рече „сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу оваа со откривање и на лични податоци. 

„ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев. Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски претставници. Никогаш таков документ не излегол во јавност од кај нас. А, може да се случи. Но, јас прв би се извинил “, рече Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија потсети дека постојано се случува движење на стрнаски дипломати и нивни семејства низ Македонија, но таков документ никогаш јавно не е објавен. Муцунски побарал темелна истрага од бугарските инсистуции за објавувањето на дипломатската нота во јавноста.

– Ние веднаш јавно осудивме, институциите во најбрз можен рок постапија и веднаш искомунициравме и јас и заменик-министерот со претставниците на соседна Бугарија. И најмалку што очекувавме е таков проактивен пристап од нивна страна, а бидејќи немаше, ние побаравме средба, беше повикан бугарскиот амбасадор во МНР, го изразивме високиот степен на незадоволство и нарушувањето на односите меѓу двете држави преку еден ваков гест и побаравме објаснување од страна на соседна Бугарија како е дојдено до ваков инциден. Секако очекуваме, не само објаснување, туку и една темелна истрага како е дојдено до оваа ситуација бидејќи ќе повторам, и согласно меѓународното право, вакво нешто е неприфатливо во меѓусебни односи на две држави независно од тоа што тие имаат меѓусебни политички тензии, рече министерот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ