Затворениот базен го градеше Министерството за спорт, а е предаден на управување на општината Штип. Според пишувањето на „Фактор“, компанијата „Емпира Менаџмент и Консаллтинг“, фирма основана од Милан Димитровски, во октомври 2025 година, еден месец по отворањето на базенот. Основна дејност на новата компанија на Димитровски е „Работа на спортски објекти“.
Слушајте радио во живо
Милан Димитровски е маратонски пливач, кој најави дека во недела ќе плива маратон од Свети Наум до Охрид.

Фото: Милан Димитровски
Одлуката за давање под закуп на затворениот базен Советот на општина Штип во полемични тонови ја донесе на 22 април, додека повикот за учество во електронско јавно наддавање е објавен во мај.
Прочитајте и за ова:
По Дино паркот и затворениот базен во Штип оди под закуп
„Недвижната ствар од оваа објава се дава во закуп за период од 2 (две) години. Проценетата вкупна вредност на недвижната ствар која се дава во закуп е утврдена согласно Извештај за извршена процена на пазарна вредност на недвижен имот бр.17-2906/1 од 17.04.2026 година и изнесува 30.464.271 денари. Висината на почетната месечна закупнина, на електронското јавно наддавање, изнесува 152.321 денари“, пишува во објавата за електронската објава.
Фирмата на Димитровски била единствениот понудувач на јавното наддавање и понудената цена е идентична како и почетната – 152.321 денари месечна закупнина.




