Дете(2) од Куманово затруено со разредувач за боја, пренесено на Клиника

Фото: pexels

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Лани имаше неколку случаи на затруени деца од кумановскиот регион. Дел од децата беа затруени откако испиле средства за чистење, за дезинфекција, дел од дечињата испиле таблети. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ