- Пријавениот го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања
- Се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 23.442.425 денари
- Присвоил и 10 возила во вредност од 69.719.484 денари
Пријава е поднесена и против правното лице.
-Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил свесен дека правното лице е неспособно за плаќање и дека му претстои стечај, со намера да стекне противправна имотна корист и да ги оштети доверителите, го намалил имотот од кој доверителите можеле да ги намируваат своите побарувања. Притоа, присвоил 10 возила во вредност од 69.719.484 денари, скутери во вредност од 545.000 денари и трговска стока во вредност од 4.457.322 денари, кои не биле евидентирани со соодветна документација и не биле пронајдени од стечајниот управник, со што не станале дел од стечајната маса. Поради наведеното, побарувањата на доверителите во вкупен износ од 12.069.922 денари, од кои 1.179.059 денари се побарувања на УЈП, останале целосно ненамирени, соопшти Финансиската полиција.
Слушајте радио во живо
Бизнисменот В.Р. исто така, во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација (договори, фактури, испратници, сметкопотврди и сл.) за нивна економска оправданост во сметководствената евиденција, истите ги присвоил за себе и притоа не пресметал и не платил данок на добивка во вредност 5.387.259 денари и данок на личен доход во вредност од 5.985.244 денари.
Со тоа, бизнисменот присвоил вкупен износ од 23.442.425 денари, по основа на оштетување на доверителите, Данок на добивка и данок на личен доход.





