- Критика кон правосудниот систем: Мицкоски ја оцени одлуката на Врховниот суд за случајот Ласкарци како последица на „рецидиви и остатоци“ од претходната власт (СДСМ и ДУИ), за кои тврди дека сè уште дејствуваат во судството и ги штитат нивните интереси.
- Споредба со Дон Кихот: „Донкихотска битка“ – рече дека борбата понекогаш изгледа како борба со ветерници, каде што извршната власт постапува, а одредени судии ги ослободуваат обвинетите по наредба од нивните надредени.
Доказ за заробеното судство, како остаток од претходниот систем, според премиерот, е одлуката на Врховниот суд со која ја укинува пресудата на Апелацискиот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци, со која им беа зголемени казните на некои од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Слушај радио во живо
„Одлуката на Врховниот суд е големо разочарување за сите нас. Станува збор за остатоци од претходната власт кои сè уште дејствуваат во правосудниот систем и ги штитат оние што ги поставиле. И покрај десетиците жртви и луѓето со траен инвалидитет, одредени судии и обвинители одбираат да не застанат на страната на правдата. Ова е донкихотска битка со ветерници во која одредени судии ги ослободуваат виновниците по наредба на нивните сопственици. Сепак, нема да се откажеме — борбата продолжува и правдата на крајот мора да победи“, изјави Мицкоски.
Според него, овие малкумина судии ги контаминираат сите оние чесни судии и обвинители што се во нашиот правосуден систем, но, како што нагласи, „добро е колегите од Европската Унија да ги гледаат овие примери и да видат, кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме“.





