Дрвократци на Плачковица крвнички претепале двајца вработени во штипска „Серта“

Во обид да спречат двајца дрвократци да украдат дрва на планината Плачковица, двајца вработени на шумското стопанство „Серта“ вчера биле нападнати, а потоа и претепани.
Дрвократци на Плачковица крвнички претепале двајца вработени во штипска „Серта“
  • Тоа се истите луѓе кои лом ја прават шумата, сечат кај стигнат, возат како лудаци низ планината и низ улиците низ Штип и останатите населени места, вели Кире Михаилов, заменик директор на Национални шуми

Случајот е пријавен во СВР Штип.

-На 08.09.2026 во 15:00 часот во СВР Штип, М.Е.(42) од с.Калаузлија, општина Карбинци и А.Н.(63) од општина Карбинци, двајцата припадници на Шумска полиција, пријавиле дека при извршување службени дејствија во Плачковичкиот регион, биле попречувани од С.О.(20) од с.Парналија, општина Карбинци, кој притоа и физички го нападнал М.Е..За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава, информираа од СВР Штип.

Слушајте радио во живо

Полицискиот извештај го документира настанот, додека заменикот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, пишува дека закани има во континуитет и кон наши други вработени од штипската подружница.
-Овие се истите луѓе кои постојано ги бркаме, фаќаме, а тие постојано одат. Па овие се истите луѓе кои лом ја прават шумата, сечат кај стигнат, возат како лудаци низ планината и низ улиците низ Штип и останатите населени места. И не е само ова кое се случи вчера, закани има во континуитет и кон наши други вработени од оваа подружница, но, воопшто не се сомневам дека МВР ќе си ја заврши својата работа. За предметниот настан сум известен дека МВР ги презема сите неопходни дејства, дел од напаѓачите се приведени, дел повикани на информативни разговори и се надевам дека за брзо време ќе имаме соодветна разрешница, напиша Михаилов.

Тој апелираше до јавноста да не поддржува вакви структури „затоа што тие се и крадци, и пиромани, и причинители на сообраќајни несреќи, или со еден збор кажано, непријатели на природата и општеството“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ