На паркинг во населбата Сењак во Штип, вчера напладне целосно изгоре едно возило, а паркираното до него е делумно зафатено. Пожарот се случи во непосредна близина на дуќани, а возилат и пешаците гледаа како за кратко време изгоре „голфот“ од каде почна огнот.
СВР Штип соопшти дека пожарот е пријавен во 12:42 часот.
-Пријавено е дека на паркинг простор во Штип, настанал пожар на паркирано патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од Т.Д.(67) од Штип, при што било зафатено и патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Д.Ј.(41) од Штип. Од страна на Територијалната противпожарна единица Штип, пожарот е изгаснат, а повредени лица нема, соопшти полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
Според информациите, сопственикот на „голфот“ го поправал своето возило, по што дошло до искричење, а брзо потоа и до пожар. Од огнот била зафатена „тојотата“ што била паркирана до „голфот“. Со тоа, отфрлени се првичните шпекулации за подметнат пожар. Причинета е поголема материјална штета.






