(Видео) Филипче е како Хелеевата комета на 77 дена еднаш доаѓа на работа, рече Пренџов

Фото: Фејсбук видео

Пратеникот Љупчо Пренџов од говорница се обрати кон опозиција и рече дека Халеевата комета почесто се појавува од Венко Филипче во Собрание.

-Венко Филипче се однесува како Халеевата комета – на 77 дена доаѓа еднаш на работа, овдека во Собранието. Само него и Али Ахмети ги нема во Собраниево. И не можеме ние да молчиме, а тој, наместо да дојде на Комисијата за финансирање и буџет, да дојде на оваа говорница, пред народ од којшто зема плата, да ви држи прес-конференции трета година по ред од Бихаќка. И не може да реагирате процедурално зошто ние не смееме овде да го споменеме името на неговото величество Венко Филипче. Извинете ама  ќе си дојде и он и Оливер Спасовски и ќе си напаѓаат буџет и ќе си имате ваши аргумети, рече Пренџов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ