Погребот на актерот Гоце Тодоровски ќе биде денес.
Според информациите од Драмски театар Гоце ќе биде погребан на градските гробишта- Бутел. Капелата ќе биде во 13 часот, додека погребот во 14 часот.
Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина во недела вечер на 75-годишна возраст.
Драмски театар, кој беше негова матична куќа , информира и дека комеморација за актерот ќе организира на почетокот на новата театарска сезона.




