„Година ипол си доаѓаше дома помодрена, престана да јаде“ – морбидно сведоштво на мајката на претепаната Емилија од Битола

Мајката Бети Ангеловска сведочи дека нејзината 21-годишна ќерка Емилија од Битола година и пол трпела физичко и психичко насилство од партнерот Вангел, живеела во постојан страв, престанала да јаде и не пријавувала поради закани и страв дека тој „има врски“, сè до нападот со давење на 10 и 11 ноември
„Година и пол си доаѓаше дома помодрена, престана да јаде“ – морбидно сведоштво на мајката на претепаната Емилија од Битола
„Година и пол си доаѓаше дома помодрена, престана да јаде“ – морбидно сведоштво на мајката на претепаната Емилија од Битола
  • Ќерката на Бети, 21-годишната Емилија трпела насилство и страв од партнерот се’ до неодамна
  • По пријавата, ОЈО Битола поднесе обвинителен предлог за телесна повреда при семејно насилство, а на осомничениот – кој претходно избегал за време на сослушување – му е одреден притвор, додека семејството тврди дека трпи притисоци, контрапријави и повици за повлекување на пријавата
  • Мајката бара вештачење и пресликување на снимките од телефоните како доказ, најавува дека ќе оди до крај пред домашните и меѓународните институции

Година и пол си доаѓаше дома помодрена. Ме загрижи големиот оток на рамото. Ми велеше: „се удрив на работа, од врата…“ Секој ден беше со молење. И’ велев: „Пријави го, знам дека ти се од него, зошто ме лажеш“!? Сама одев во полиција без неа, барав помош како да го заштитам девојчето, бидејќи се плашев дека ќе ја отепа. Ми велеа: „Додека таа не дојде, не можеме ништо“.

„Каде ќе одам ако го пријавам, ми велеше“, сведочи мајката.

Слушајте радио во живо

Со овие зборови битолчанката Бети Ангеловска во емисијата „Стадион“ отворено проговори за насилството, секојдневното физичко и психично насилство низ кое поминаувала нејзината 21-годишна ќерка Емилија.

-Ја прашував зошто одиш кај него? Ми одговараше: „Ако не одам ќе ме убие“. Во еден часот ноќе подготвена за излегување го чекаше – велеше „морам“. Таа страв во коски имаше. Од страв и стрес не можеше да јаде“, раскажа Ангеловска.

Прочитајте уште на темата:

Насилникот од Битола кој ја претепал и давел девојката, па избега преку прозорец во полиција, сам се пријавил

И така се’ до моментот, кога на 10 и 11 ноември, во уште еден од многуте случаи на насилство, нејзиниот партнер, Вангел не почнал да ја дави Емилија.

„Ќе ме удавеше, не можев воздух да земам“, сведочела Емилија.

Тој случај ја прелил чашата. Конечно се охрабрила да пријави.

Емилија и претходно била и во болница со тешко крварење. Бети кога отишла да ја види во болницата, ги сликала повредите и со сликите отишла во полиција. Меѓутоа, Емилија негирала дека и’ се од него.

Прочитајте и за ова:

Уште колку жени треба да бидат убиени за да се демонтира овој систем поволен за насилници, а погубен за жените?

„Не може никој да ме заштити, зашто тој има врски, ми велеше. И’ беше страв да пријави, кажа мајката Бети Ангеловска во „Стадион“.

По насилството со давење, Емилија пријавила во полиција. Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинителен предлог против него за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство. обвинетиот на 10 ноември, во неговиот дом во Битола, телесно ја повредил неговата девојка. Во осоопштението од Обвинителството стои дека тој по вербална расправија меѓу нив, ја удирал по лицето со тупаници и шамари, па ја стегал за вратот и устата, со што и нанел површинска телесна повреда и неколку нагмечувања и крвни подливи.

Во текот на неговото сослушување, Вангел успеал избегал од полициска станица и неколку дена не беше достапен.  На Вангел му е одреден притвор, што завршува за некој ден. Денеска Обвинителството поднесе обвиниение и побара продолжување на притворот за 30 дена.

„Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство“, пишува во соопштението. Судот треба да одлучи дали ќе му го продолжи притворот.

Од протестот пред Влада 20.11.2026/фото: Ванчо Џамбаски

Бети Ангеловска вели дека додека е тој во притвор, од една страна се чувствуваат сигурни, бидејќи тој е зад решетки, но и напнати, бидејќи се под голем притисок и таа и нејзината ќерка.

Уште на темата:

Најмногу насилници во Скопје и Штип – За 70 процнти зголемено семејното насилство за разлика од мај лани

Емилија засега се чувствува сигурно и полека заздравува, но се плаши за сигурноста откако насилникот ќе се најде на слобода.

-Негов другар овие денови постојано се јавува од странство кај Емилија да ја повлече пријавата, ја убедуваше. Неговите родители вршат присти дури и над мене, како нивната безбедност била нарушена. Мајка му и татко му поднесоа пријава против мене, бидејќи сум рекла дека ќе ги презмам работите во мои раце. Да, ќе преземам, ќе одам до Стразбур, вели Ангеловска.

Таа рече дека верува и е сигурна во нашите институции. Како контра-пријава, и Вангел поднел пријава против Емилија, дека таа го тепала. Затоа, за да се види вистината, Бети Ангеловска упатува апел до институциите.

-Во нејзиниот телефон има снимки и слики како ја навредувал и како ја тепал. Не можев да го слушам своето дете како вреска на снимките додека ги гледав. Телефоните се на вештачење. Барам да го пресликаат снимките. Девојчињата (другарките н.з.) одеа кај него и се сведоци во кои тој не ја пушташе да излезе – девојчињата велеа: „Пушти ја Емилија, без неа нема да заминеме“.

Прочитајте:

Стоп за насилството! Мирен протест во Богданци во чест на Билјана

„Ќе одам до крај. Девојчето мора да се заштити од насилник. Тој утре ќе биде насилник за сите“, рече Ангеловска.

Од протестот пред Влада 20.11.2026/фото: Ванчо Џамбаски

До девојчињата и жените кои трпат вакво насилство, како нејзината ќерка, упати апел:

-Ги молам сите девојчиња кои имаат ваков проблем, да пријават и да не молчат. Сигурна сум и верувам во нашите институции, затоа што сите девојчиња си заслужуваат мирен живот, а не како мојата да живее во страв и под притисок. Секој има право на среќен живот, а не живот под притисок и под стрес“, кажа Бети Ангеловска.

Оваа самохрана мајка, која сама го изгледала девојчето, вели дека ќе оди до крај, во Македонија и во меѓународните институции. На протестот што вчера се одржа пред Владата, во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“, учесниците побараа поголема институционална одговорност и конкретни мерки за заштита на жените од насилство.

Погледнето го велото издание на Стадион:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ