ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Опожарени над 20 дуќани, штетата е огромна

Над 20 дуќани со текстил и друга трговска стока изгореа во пожарот што избувнал рано изутрината по 3 часот на улицата „Индира Ганди“ во скопската Општина Шуто Оризари.
ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Опожарени над 20 дуќани, штетата е огромна
  • Штета: Опожарени се над 20 дуќани со текстилна и друга стока. Предизвикана е голема материјална штета.
  • Сопственост: Сите изгорени локали се во сопственост на едно лице (С.С.), кое ги издавало под закуп.
  • Повредени: Нема повредени лица.

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), во инцидентот нема повредени лица, но е предизвикана значителна материјална штета.

Слушајте радио во живо

Од МВР информираат сите локали биле во сопственост на едно лице (С.С.), кое ги издавало под закуп.

-Денеска (11.09.2026) околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето Шуто Оризари опожарени биле над 20 дуќани со текстилна и друга роба сопственост на С.С. кои ги има дадено под закупнина. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема. Ќе биде извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР

Прочитајте и за ова:

Пожар проголта 200 хектари кај Старо Нагоричане: Огнот се гаснел речиси 13 часа

Според податоците од ЦУК, во борбата со огнот биле ангажирани 15 пожарникари и шест противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Пожарникарите интервенирале повеќе од три часа, односно од 03:31 до 06:45 часот утринава, кога пожарот бил целосно ликвидиран.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати. Надлежните екипи од МВР се на терен за да извршат детален увид и се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ