Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува, вели Филипче

Фото: Фејсбук

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на СДСМ, напиша претседателот Венко Филипче на Фејсбук.

Тој во објавата понатаму вели:

-Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ. Продолжуваме заедно, со посветеноста и новата енергијата на целиот наш тим, за подобра иднина на Македонија, напиша Филипче.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ