Финансиска консолидација и стабилизирање на јавните претпријатија
Нови паркови и деконтаминација на Вардариште
Булевари, мостови и проекти одглавени од минатото
Град Скопје во изминатиот период бил фокусиран на финансиската консолидација и стабилизирањето на јавните претпријатија. Според Ѓорѓиевски, затекнатата состојба била исклучително тешка, но преземените мерки овозможиле постепено подобрување.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
„Ни претстоеше тешка задача изминатиов период, ревитализација на јавните претпријатија од секој аспект, најпрво финансискиот аспект, јас наследив близу 300 милиони евра долг, вработени во јавните претпријатија којшто по два, по три месеци немаа земено плата, имаше проблем со приватните превозници. Имавме доста работа но работиме кон тоа да градот го правиме поубав секојдневно, постабилни јавни претпријатија. Го намаливме драстично долгот, веќе Град Скопје не должи на никому, многу од проектите коишто со децении некој од нив беа закочени како булевари, мостови, за многу скоро од денес да ги завршиме и целосно ги пуштиме во функција“ – рече Ѓорѓиевски во емисијата „Ноќно Студио“ на 4ТВ.
Вардариште, паркови и нови зелени површини
Ѓорѓиевски се осврна и на проектите што се започнати за решавање на долгогодишните комунални и еколошки проблеми во Скопје. Тој посочи дека се работи на уредување и трансформација на простори кои со години претставувале сериозен проблем за граѓаните.
Особено внимание, според него, се посветува на просторот кај Вардариште, каде што завршил процесот на одгасување, а во следната фаза треба да започне целосна деконтаминација.
„Почнавме многу нови проекти, многу од депониите коишто во минатото беа рак рана во Скопје, едно од тие е Вардариште го завршивме таму процесот на одгасување, сега влегуваме во фаза каде што ќе започнеме целосна деконтаминација на просторот таму и создавање на она што го ветив, а малкумина веруваа во предизборието дека таму ќе никне еден голем парк. Негде околу 200 илјади квадрати паркови започнавме да работиме, во Бутел веќе се гледа крајот, Карпош исто така сериозно е напреднат. Многу проекти решивме и одглавивме од минатото, финансиски ги стабилизиравме јавните претпријатија, посочи Ѓорѓиевски.
Според најавите, на просторот кај Вардариште треба да се создаде голем парк, со што локацијата би добила нова намена и би се претворила во зелена површина за граѓаните.
Покрај Вардариште, Ѓорѓиевски посочи дека се работи и на паркови во повеќе скопски општини. Тој нагласи дека во Бутел проектот е во напредна фаза, додека сериозен напредок има и во Карпош.
Во изминатиот период, како што наведе градоначалникот, започнати се активности на околу 200 илјади квадратни метри паркови. Целта е да се создадат нови зелени површини, но и да се уредат простори кои досега биле запоставени.
Ѓорѓиевски додаде дека дел од проектите што со години биле закочени повторно се активираат, меѓу кои и изградбата или завршувањето на булевари и мостови.
Финансиската стабилизација како услов за капитални проекти
Градоначалникот оцени дека финансиското стабилизирање на јавните претпријатија е предуслов за реализација на поголеми инфраструктурни проекти. Според него, намалувањето на долгот и подобрувањето на финансиската состојба треба да овозможат градот поефикасно да ги реализира планираните активности.
Ѓорѓиевски во емисијата „Ноќно Студио“ говореше и за потребата Скопје да добие постабилни јавни претпријатија, подобра инфраструктура и повеќе уредени зелени површини.
Најавените активности опфаќаат повеќе сегменти – од финансиска консолидација и решавање на долговите, до деконтаминација на проблематични локации, изградба на паркови и завршување на инфраструктурни проекти.
Заклучокот на градоначалникот е дека со стабилизирањето на финансиската состојба се создаваат услови за реализација на проектите кои, според него, со години биле одложувани или блокирани.
Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА



