Уапсени се двајца гостиварци кои биле дилери на дрога.
-На 22.07.2026 во 17:40 часот на ул.„ЈНА” во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(27) и Ј.Х.(27), двајцата од Гостивар. При преглед кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ј.Х. била пронајдена банкнота од 1000 денари со остатоци од бела материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.




