Македонските државјани кои добиле работни дозволи се петтата најбројна група странски работници која работи во Хрватска. До крајот на јули од хрватските органи се издадени околу 10.000 работни дозволи на државјани на Македонија. Ангажирани се главно во угостителството и туризмот, но има и такви кои работат и градежни работи.
Еден поголем дел од ангажираните македонски државјани во Хрватска со години се враќаат кај истиот работдавач или во истото место каде почнале со работа. Има и случаи на привремен престој на цели семејства, кои со години се преселуваат и работат во текот на целата година.
Хрватска до лани практикуваше модел, кој им овозможуваше на сезонските работници да се враќаат кај истиот работодавач секоја година, што им го олесни на компаниите обезбедувањето потврдени вработени за новата сезона, додека работниците имаа многу поголема сигурност дека повторно ќе бидат вработени, што не е случај годинава.
Според податоците од Министерството за внатрешни работи на Хрватска, до крајот на јули се издадени вкупно 106.395 дозволи за престој и работа на странски државјани во оваа европска земја.
Најмногу дозволи им се издадени на граѓаните на Босна и Херцеговина, речиси 20.000. Следат работници од Србија со приближно 18.000 дозволи. Како што пишува „Глас Истре“, опаѓа бројот на странските работници во азиските земји, а особено е забележливо остриот пад на бројот на издадени дозволи на непалските граѓани. Во првите седум месеци од оваа година, непалските граѓани добиле околу 14.500 дозволи, што е приближно 6.000 помалку отколку во истиот период минатата година. Поради ова, тие паднаа од второто место минатата година на четвртото место по број на издадени дозволи.
Во исто време, бројот на работници од Филипините продолжува да расте. Оваа година, на филипинските граѓани им беа издадени приближно 5.000 дозволи повеќе од минатата година, па со вкупно околу 15.700 дозволи, тие се искачија на третото место меѓу најбројните групи странски работници во Хрватска.
Фотографија: Фрипик






