Ива Михаилова да дојде во Кочани ако сака да се брани на судењето – продолжи рочиштето во нејзино отсуство

По кратката пауза од денешниот почеток, во Основниот суд во Кочани продолжи судењето за Ива Михаилова
Продолжи судењето за Ива Михаилова во отсуство
Продолжи судењето за Ива Михаилова во отсуство
  • Пред судењето Ива Михаилова во јавноста изнесе барање во текот на судењето во Кочани да се вклучи преку видео конференциска врска
  • Во судницата е присутен и бугарски адвокат, колега на Николај Димитров, со кој Михаилова побегна од Македонија во Бугарија

Во отсуство ѝ се суди на Ива Михаилова, која е обвинета за сторување сообраќајна несреќа со смртни последици. Во текот на претпладневниот дел од судењето во Основниот суд во Кочани, каде се води предметот, не се споменало јавно поставеното барање од Михаилова, на рочиштето да се вклучи од Бугарија, каде пребега. Во текот на интервју, обвинетата Михаилова предложи во судењето да се вклучи преку видео конференциска врска.

Слушајте радио во живо

Судењето во Кочани денеска го следат и неколку бугарски политичари и новинари. Присутни се и адвокатот и членови на семејството на загинатиот во сообраќајката, 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Прочитајте на темата:

„Мајка му секое утро кога го отвора прозорецот плаче“ – Животот на семејството Дурмиши по смртта на Бесим

По бегството на Ива Михаилова, македонското МВР распиша потерница по неа и одреден ѝ е притвор во отсуство. Во меѓувреме продолжува судењето во кочанскиот суд. Михаилова негира вина и се повикува на повредите кои ги здобила во сообраќајката, поради што бараше лечење во Бугарија. Во последниот нејзин јавен настап, најави дека лечењето ќе го продолжи во Израел.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ