Канал 77 – Вести од Македонија и светот | 7:00

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите:

Се очекува жителите на Гостивар во текот на денешниот ден да добијат технички исправна вода,
најави вчера премиерот Христијан Мисковски, посочувајќи дека кризата се санира во рекорден рок од една недела.
Според него, иако упребувањето со водоводната мрежа е во директна ингеренција на локалната власт,
владата веднаж се вклучила на терен преко обеспедување хуманитарни донации во флаширана вода
и соангажирање стручни екипи од Скопскиот водовод за хиперхлорирање на цевководот.


Скопје вчера одбележа 63 години од катастрофалниот земјотрес,
што се случи на 26. јул. 1963.
Кога животот го загубија 1070 лица, а 3000 беа повредени.
Скопскиот земјотрес е познат како една од најголемите трагедии
кои се случиле во историјата на градот,
но исто времено и шанса светот да ја покаже својата солидарност
и да помогне во опоравувањето на заедницата.
Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во 5 часот и 17 минути.
Над 200.000 луѓе останаа без покрив над главата.


Македонската културна јавност и театарската сцена
останаа без еден од своите најпрепознатливи и омилени актери.
Почина актер од Гоце Тодоровски.
Актер кој со својата харизма, автентичен хумор
и препознатлива актерска енергија,
со децени беше дел од македонскиот театарски,
телевизијски и културен простор.


За повеќе информации и најнови вести, слушајте го Канал 77 радио во живо – КЛИКНЕТЕ ТУКА
 
Напомена: Веста е подготвена и продуцирана од новинарите на Канал 77, а текстуалната верзија е автоматски генерирана од радио-емитувањето со помош на технологија за препознавање говор и вештачка интелигенција. Поради автоматската транскрипција, можни се печатни, јазични или транскрипциски грешки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ