Кавадарчанец измамил кумановка со 9.000 евра за странски пасош

Фото: МВР

Фатен на дело измамник од Кавадарци, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени.

-На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци во соработка со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(32) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од 50-годишна кумановка дека ја измамил за сума од 9 000 евра. Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и се уште продолжил со побарувањата, информираат одд МВР и додават:

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

-По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко – технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци. Тој бил задржан во полициска станица, а потоа и изведен пред јавен обвинител, каде го признал делото. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик, се вели во информцијата од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ