Ќе ја дочекаат ли некогаш правдата семејствата на загинатите во автобусот на Дурмо турс – укината е пресудата

Врховниот суд ја укина пресудата на Апелациониот суд Скопје за автобуската несреќа кај Ласкарци со која беа зголемени казните на дел од обвинетите и предметот го врати на повторно постапување и одлучување.
Врховниот суд за укина пресудата за несреќата во Ласкарци
  • Претходни измени на казните: Апелациониот суд претходно ги зголеми затворските казни за сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули, и менаџерот Ремзи Мифтари на по 10 години, како и за двајца вработени во техничкиот преглед на по 7 години, додека казните за возачот (14 години) и третиот вработен (5 години) останаа исти.
  • Врховниот суд ја укина одлуката на Апелациониот суд од април 2025 година и го врати случајот за автобуската несреќа кај Ласкарци на повторно судење, прифаќајќи ги барањата на осудените и нивните адвокати.

Врховниот суд одлучувал на 9 септмеври.

„Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, пишува во соопштението од Врховен суд.

Слушајте радио во живо

Во април 2025 година, Апелациониот суд во Скопјe ги зголеми затворските казни за некои од осудените во автобуската несреќа кај Ласкарце, што Кривичниот суд им ги изрече во првостепената одлука.

Меѓу обвинетите кои добија највисока казна беше Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо Турс“, чиј автобус излета од патот. Казната затвор од четири години што Кривичниот суд му ја изрече на Белули беше зголемена на 10 години од страна на Апелациониот суд.

Прочитајте и за ова:

По операција на двата тестиси газдата на „Дурмо турс“ конечно се пријави во „Идризово“, треба да лежи 10 години

Апелациониот суд ја зголеми казната на менаџерот за транспорт на компанијата, Ремзи Мифтари, кој претходно беше осуден на шест години затвор, на 10 години затвор.

Двајцата вработени во станицата за техничка контрола, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски, беа осудени на по седум години затвор, наместо петгодишните казни изречени во прв степен.

Казните за третиот вработен во станицата за техничка контрола, Јане Боваровски, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, останаа непроменети – пет и 14 години затвор, соодветно.

Со првостепената пресуда, објавена во јануари 2024 година, обвинетите беа прогласени за виновни и осудени на вкупно 39 години затвор.

Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо Турс“, кој сообраќал на редовната линија Скопјe-Гостивар, излетал од автопатот во близина на селото Ласкарце. Како резултат на несреќата, 16 патници го загубија животот, додека 38 други беа повредени.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ