„Кој здрав родител пушта дете само во друг град?“ – За викендов во Охрид по 10 деца биле сместувани во еден стан

Фото: Фејсбук

Познато е дека викендот „Илинден“ е најпосетен во Охрид, особено ако е проолжен како овој и ко има музички настани на кои човек да се чуди каде попрво да се оди. И тоа се би било супер, ако поголемиот дел од посетителите не се дец, кои се уште не наполниле 18 години за да идат сами на вакви настани и далеку од дома.

Како било изминатиов викенд во Охрид опишува на Фејсбук авторката Јасмина Петковска, попозната како „Белиот лебед“.

Таа вели:

-Имам да кажам нешто за изминативе денови, и сега. Деца пуштени од по 14, 15, 16 години, во Охрид, сами без родители, во оваа гужва. Сместени по 10 деца во еден стан, ги демолираа зградиве, го уништија градов, депонија направија од улици до згради. Викање, тепање меѓу нив, вриштење по улици и на балкони во 4, 5 и 6 часот. Никакво воспитување од дома, култура никаква. Не сме спиени пет ноќи, вели таа и прашува:

-Прашањето ми е: кој здрав, совесен родител пушта дете на тие години само во друг град? Да лута по улици, да крши по згради, да испуштаат звуци непознати за нас. Непријавени седат по станови. Да, користат алкохол и недозволени супстанци. Пријавени кај сопственици. Но побитно е илјадарче плус отколку мирот, стравот, вознемирувањето на околината. Срам да ви е и на едни и на други. Резил. И после во Европа сте сакале. Касно ќе сфатите во што сте ги претвориле сопствените деца, пишува воо објавата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ