Кокаин, хероин, марихуана.. По дрога во Струмица како во маркет

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице.

-На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Љ.Ѓ.(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ