Колку државни фирми „изгореа“ во Алта банка – беше прашана министерката за финансии

Што се однесува до тоа дали има познати лица од јавната и политичката сцена, Димитриевска Кочоска рече дека не може да знае, бидејќи е тоа деловна тајна
Колку државни фирми „изгореа“ во Алта банка – беше прашана министерката за финансии
Фото: Принтскрин
  • На Надзорната расправа одговараа гувернерот и извршната власт
  • Прашањето се однесуваше и за познати имиња од јавниот живот и политиката

На денешната надзорна расправа, каде пратениците ги прашуваа гивернерот на НБРМ и претставниците на владата, имаше и едно директно прашање до министерката за финасии што деневиве беше гласно коментирано – колку фондови, институции и компании од јавниот сектор имаат сметки во Алта банка, во која беше воведена администраторска управа.

Министерката Гордана Димитриеска Кочоска рече дека буџетски корисници каде што владата директна надлежност немаат сметки, бидејќи согласно закон не можат ни да ги имаат туку ги имаат во трезор
Слушајте радио во живо
-Кога станува збор за акционерските друштва и јавните претпријатија на централно ниво, тоа е нешто што треба да се добие како извештај од администраторот. Гувернерот претходно не одговори на на прашањата околу Комитетот за финансиска стабилност. Лично, бидејќи нормално сум загрижена како министер за финансии и за јавните претпријатија и акционерските друштва, можам да кажам дека од сите јавни претпријатија и акционерски друштва коишто ги исконтактиравме, само едно претпријатие имаше сметка која што е во многу мал износ, нешто околу 100.000 денари. Ништо повеќе од тоа. Најголем дел од јавните претпријатија и акционерски друштва немаат сметка во Алта банка, одговори министерката.

Прочитајте на темата:

Вработените во компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка” ќе земат плата

Сепак, ова не е целосен одговор на прашањето, бидејќи како што рече министерката за финансии, во периодот кој што следи очекуваат извештаи од администраторот.

Што се однесува до тоа дали има познати лица од јавната и политичката сцена, Димитриеска Кочоска рече дека не може да знае, бидејќи е тоа деловна тајна.

Прочитајте и за ова:

Шест инвеститори зинтересирани за „Алта банка“ АД Битола, вели Славески

Во соседна Србија, во матичната Алта банка во Србијабеше објавен список одпреку 40 јавни претпријатија и десетици компании во државна сопственост во Србија имале деловни сметки или соработувале со банката.
Општина Врање потврди дека ставиле пари под камата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ