По само неколку дена од демантот на МВР дека не постојат лажни полицајци и апелот да не е шират дезинформации, информациите од терен се дек лажни полицајци, сепак, постојат, и дека се обиделе да ограбат жена од Штип.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.Џ.(22) од Штип и Д.С.(22) од село Псача, општина Ранковце, кривопаланечко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. На 02.07.2026, пријавените во Штип се обиделе да влезат во домот на 85-годишна жена во Штип, претставувајќи се како полициски службеници, но биле спречени и пријавени од сосетка, која се посомневала во нивната намера. Набргу потоа, тие биле пронајднеи и лишени од слобода, информираат од СВР Штип.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Но, по сообраќајката минатата недела, во која животот го загубија тројца државјани на Косово и по информациите кои се ширеа по Социјалните мрежи, дека причина за несреќата била таа што наводно автомобилот бил бркан од лажни полицајци од МВР тогаш демнтираа:
-Министерството за внатрешни работи ги демантира објавените невистини и шпекулации во дел од медиумите во врска со сообраќајната несреќа во која животот го загубија три лица на автопатот ГП Блаце-Скопје дека наводно лицата биле бркани од друго возило кое лажно се претставувало како полиција и дека таква појава била забележана и претходно. Апелираме да не се шират дезинформации, ниту е забележана таква појава ниту има пријави за т.н. лажна полиција, а истражните органи ќе ја откријат причината која придонела до сообраќајната несреќа, соопштија пред само неколку дена од МВР.
В.М.





