Mahmut Orhan- The Arena Experience: Скопје подготвено за светски спектакл

На 26 декември, Скопје станува сцена на ексклузивен музички спектакал. Во Арена „Борис Трајковски”, пред домашната публика ќе настапи светски познатиот турски ДЈ и подуцент Mahmut Orhan, носејќи уникатно арена-искуство што ги спојува софистицираниот електронски звук и пулсирачката енергија на најдобрите светски клубови во рамки на настанот именуван како „Mahmut Orhan – The Arena Experience”, во организација на Music Rituals.

Препознатлив по спој на електронска музика, ориентални мотиви и длабоки мелодии, Mahmut Orhan зад себе има настапи на најпрестижните светски фестивали и арени. За македонската публика подготвува специјално креиран арена-сет, придружен со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и целосно имерзивно аудио-визуелно доживување, какво што ретко се гледа на домашната сцена.

Овој настан ќе претставува кулминација на музичката година и уникатна можност Скопје да стане центар на регионалната електронска сцена во последните денови од декември. Целта е вечер исполнета со силна енергија, емоција и атмосфера што ги надминува границите на класичен концерт.

„Со овој проект сакаме да подигнеме нови стандарди за големи музички настани кај нас. Mahmut Orhan е артист кој носи светска продукција и визија, а наша цел е публиката  да го доживее тоа на највисоко можно ниво”, истакнуваат од Music Rituals, тимот кој стои зад некои од најпрепознатливите електронски настани во земјата.

Настапот на Mahmut Orhan е дел од пошироката стратегија на Music Rituals за позиционирање на Македонија како релевантна дестинација за големи меѓународни музички продукции, со фокус на современ звук, модерна визуелна естетика и искуства споредливи со европските и светските метрополи.

Билетите се во продажба на www.mktickets.mk

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ