Македонија бележи пад на стапката на убиства, највисока е во Црна Гора, а во ЕУ најмала е во Луксембург, а најголема во Литванија

Македонија во 2024 година имала стапка на убиства регистрирани од полицијата од 1,10 на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат.

Највисока стапка на убиства меѓу земјите во регионот има Црна Гора 1,92, во Бугарија е 1,23, во Србија 0,82, а во Грција 0,78.

Во Европската Унија, највисока стапка на убиства имала Литванија – 2,63 на 100.000 жители. По неа следуваат Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82.

Најниска стапка во ЕУ е регистрирана во Луксембург, со 0,30 убиства на 100.000 жители, пред Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

И покрај највисоката стапка, Литванија бележи и најголем пад на овој показател, кој е повеќе од преполовен во споредба со 2014 година.

Тренд на намалување во изминатата деценија се бележи и во Македонија, која во 2014 имала 1.21 убиство на 100.000 жители наспроти сегашните 1,10.МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ