Македонија беше пред Хрватска, но две држави и одземаа 21 година кон ЕУ, изјави Пленковиќ

Фото: Јутјуб

Пред состанокот на Европскиот совет во Брисел, претседателот на владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ ја нагласи конструктивната улога на Хрватска во однос на Црна Гора, а ја спомена и Македонија.

„Го имате примерот со Северна Македонија, која, кога го имавме самитот во Загреб во 2000 година, беше пред Хрватска во институционалниот аспект. Тие сè уште не ги започнале преговорите. Постојат две земји на кои, да го кажеме вака, од 2005 до 2026 година им беа потребни 21 година институционално приближување на Северна Македонија кон Европската Унија. Хрватска не го прифати тој пристап. И покрај тешкото наследство, ние пристапивме кон Црна Гора многу конструктивно. И во тој конструктивен процес, ги издвоивме оние точки за кои веруваме дека Црна Гора треба да ги исполни бидејќи тие се дел од она што треба да го преземе како европски вредности со своето идно членство во Европската Унија“, рече Пленковиќ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ