Македонски триумф во Тиват: Ана Петановска и Наташа Михајловиќ блеснаа на „Бисер Јадрана“

www.zoan.photography

На сцената на едно од најзначајните музички случувања во регионот – фестивалот „Бисер Јадрана 2026“ во Тиват – блеснаа бројни музички ѕвезди од Балканот, а меѓу најзабележителните настапи беше токму оној на македонската пејачка Ана Петановска и српската интерпретаторка Наташа Михајловиќ.
Двете уметници премиерно ја изведоа новата композиција „Под ногама“, создадена од проверен авторски тим – музиката ја потпишува маестро Григор Копров, текстот е дело на Душан Бачиќ, додека аранжманот го изработи Стефан Петановски.

Нивната искрена интерпретација и силната емоција што ја пренесоа на сцената беа препознаени и од жирито, кое им ја додели престижната награда за Најдобар дует на третото издание на фестивалот „Бисер Јадрана“.
Возбудена од признанието, Ана Петановска не ја криеше својата среќа и благодарност.
„Заедно со мојата Наташа, која за многу кратко време ми стана навистина блиска во душата, имавме чест да ја примиме наградата за најдобар дует. Нејзината храброст, упорност, искреност и топлина се навистина инспиративни. ‘Под ногама’ е едноставна мелодија, но носи силна порака – за сите неправди, разочарувања и падови кои можат да се надминат со љубов, надеж, силна волја и автентичен дух“, напиша Ана на социјалните мрежи.
Таа упати искрена благодарност до публиката за огромната поддршка, до организаторите на фестивалот за гостопримството, но и до своите најблиски соработници – Дејан Апостоловски и Стефан Петановски, кои, како што вели, ѝ се најголемата поддршка и во професионалниот и во приватниот живот.
Наградата од Тиват претставува одлична увертира за следниот голем фестивалски предизвик. Композицијата „Под ногама“ ќе биде дел од Интернационалната вечер на 33. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, која ќе се одржи на 27 август. По успехот на „Бисер Јадрана“, очекувањата од настапот на Ана Петановска и Наташа Михајловиќ на охридската сцена се уште поголеми, а публиката со нетрпение ќе има можност повторно да ја слушне наградената композиција што веќе го освои регионот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ