- Нема скорешни изгледи дека пожарот ќе се локализира
- Крак од огнот од прилепскиот дел на Мариово е насочен кон битолскиот дел
- Опасност од експлозии поради неескплодирани гранати
Во гаснењето се ангажирани ер-трактори кои успеале да прекинат дел од огнената линија, а вклучени се и доброволци од Битола, Кочани и Виница. Тешка и ризична била ноќната битка со пожарот кај селото Крушевица.
Слушајте радио во живо
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека е тешко овој пожар да биде целосно изгаснат и дека прво се обидуваат барем да го намалат и да воспостават контрола. Дополнителен голем ризик претставуваат неексплодираните гранати од Првата светска војна кои сè уште ги има во пределот на Мариово.
Прочитајте и за ова:
Прочитајте го и ова:
https://kanal77.mk/video-osum-sekundi-horor-borba-za-zhivot-vo-omish/
Инспекторот во Дирекцијата за заштита и спасување, Јован Аврамоски, апелира на внимателност бидејќи заостанатите минско-експлозивни средства дополнително ја отежнуваат акцијата за локализација и гаснење на пожарите на овој терен. Поради сериозноста на ситуацијата, доцна синоќа итно заседаваше општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп





