Маж од Виница уценувал жена со експлицитни слики и видеа, за да биде во љубовна врска.
-На 02.11.2026 во 22:30 часот во ОВР Виница, 33-годишна жена од Виница пријавила дека К.М.(27) од Виница ја следел, прогонувал и уценувал дека ќе објави експлицитни фотографии и видеа од неа доколку не стапи во љубовна врска со него. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Штип.







