- Тројца се починати на лице место, а еден повреден е пренесен во болница со хеликоптер, друг ос возило на Брзата помош
- Возилото удрило во задниот лев дел на камион во дефент застанат во сервисната лента
Во сообраќајна несреќа што се случи вчера во во 16:28 часот во близина на Копер во Словенија, на лице место загинаа тројца македонски државјани, додека двајца од петмината што биле во него, со повреди се пренесени во болница. Несреќата се случила кога патничкото возило со италијански регистерски таблички, во кое се превезувале макеоднските државјани удриле во левата страна а камион, кој бил застанат на сервисната лента. Според првичните полициски наоди, камионот заглавил на паркинг место поради дефект. Возачот на патничкото возило потоа удрил во задниот лев дел од приколката.
Слушајте радио во живо
Лекар ја потврдил смртта на трите лица на местото на настанот, едно повредено лице е однесено во болница со хеликоптер, а повредениот возач на патничкото возило е исто така однесен во болница со возило на брза помош.
Институтот за сапсување Пас, кој работи на подигнување на свеста кај возачите, соопшти дека меѓу починатите има и едно дете.
Како што пишуваат словенечките медиуми, пожарникарите од Доброволната противпожарна служба Церкница, исто така, беа на местото на настанот. Управата за заштита и спасување напиша дека патничко возило се судрило со приколка на камион.
Дежурниот истражен судија и дежурниот државен обвинител, исто така, биле на местото на несреќата. Пет часа сообраќајот бил блокиран сообраќај на тој дел од автопатот.




