Музичката и брачна двојка Мими Јовановска и Филип Нуне по втор пат ќе станат родители. Мими е во петтиот месец од бременоста и н почетокот на март таа ќ го роди нивниот втор син.
Минатата недела Мими и Филип на интересен начин го дознаа полот на бебето. Имаа напрвено два букети, но еден со сина панделка, а другиот со розева. Кога го отворија пликот и го видоа полот, тогаш нивното синче Никола се стрча и и го подари букетот на мама Мими со сина панделка. Така сите дознаа дека ќе им се роди второ синче.
И Мими и Филип се возбудени од доаѓањето на новиот член на семејството, особено среќен е Никола, кој има три години и кој ќе биде големиот бато.

Мими вели дека посакувала ова бебе да биде женско, но длабоко во себе секогаш знаела дека ќе добие втор син.
-Искрено јас очекував машко, одсекогаш сум мислела дека ќе имам две машки дца. Сакав девојче ама знаев дека е машко. И затоа не се изненадив. Филип сакаше да биде машко, како што се тој и брат му Раде. И ете му се исполни желбата. Чувството е навистина прекрасно! Кога дознавме дека е момче, бевме многу среќни. Животот си има свои планови и ние сме пресреќни што наскоро нашето семејство ќе стане побогато за уште едно мало момче. Најубаво од сè е што Никола ќе добие братче со кое ќе расте и ќе споделува моменти низ целиот живот, вели Мими.
„Бендот на браќа Нуне“ годинава прослави осум години постоење и по тој повод сними два албуми, еден поп и еден фолк, бидејќи подеднакво добро пливаат во двата стила. На еден од албумите е сместен и песната „Сине“, емотивна балада посветена на сите синови. Во видео спотот, пак, дел е нивното поголемо синче Никола.
И Мими и Филип велат дека кога оваа песна се создавала тие не ни знаеле дека ќе добијат уште еден син.

-Кога ја снимавме песната „Сине“ не ни помислувавме дека еден ден ќе му ја пееме и на второто синче. Никогаш не знаеме што не очекува и што ни носи животот, а ете, денес сме пресреќни што оваа песна ќе има уште едно посебно значење за нашето семејство. Кога се правеше песната „Сине“ не бев бремена, спотот се снимаше во мај исто така не бев бремена. Но, ете испадна така. Некако се се поклопи, ни рече Мими.
Денес на Филип му е роденден, не откри што ќе си посака додека ќе ги дува свеќите на роденденската торта, но неговата желба секогаш е -Господ да им дава здравје и да се среќни..
Мими и Филип беа во љубовна врска речиси пет години пред да се венчаат и да направат свадба во јули 2022 година. Во брак се повеќе од четири години и го имаат синот Филип, кој има три години.







