Отворање на дебата за пензионирање на 72 години е сериозно загрижувачка и наместо вакви небулзни предлози, потребно е да се воведат повеќе услови за пензионирање, е ставот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Неодамна беше објавено дека Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и Светска банка(СБ) ќе анализираат, а Владата ќе одлучи дали ќе се зголеми старосната граница за пензионирање. Министерката за финасии, Гордана Димитриеска-Кочоска потврди дека евентуално зголемување на старосната граница за пензионирање е една од прашањата за аначоза. Меѓутоа, како што објасни, се работи само за можност, а не за конкретен предлог.
Но, од ССМ потсетуваат дека според „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика, очекуваниот животен век во земјата е 76,63 години. Според тоа, дали идејата е, наместо пензионирање, да се работи до крајот на животот?
-Потребно е да се воведат повеќе услови за пензионирање, како што се пензионирање со 40 години работно искуство за мажи и 35 години работно искуство за жени, предвремено пензионирање, воведување корисен стаж за градежни работници, како и во други индустрии каде што работните задачи се извршуваат во особено тешки услови за работа што се штетни за животот и здравјето на работниците, старосна пензија, според возраста или работното искуство, според индустријата, рана старосна пензија по возраст, нецелосна старосна пензија по возраст, обезбедување можност за купување дополнителен стаж“, е ставот на ССМ.
Како што додаваат од ССМ, потребни се сериозни политики и мерки за зголемување на бројот на вработувања кај младите преку реални и одржливи работни места што ќе бидат резултат на нови домашни или странски инвестиции и зголемување на платите, а со тоа и зголемување на средствата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и намалување на сиромаштијата, како и политики и мерки за пристојна работа за сите со почитување на правата за вработување според меѓународните стандарди за трудот, за да можат младите луѓе да продолжат да работат и да живеат во својата земја.







